Црвен крст: Светот не е подготвен за следната пандемија

од Nikola Popovski
175 прегледи

Светот не е подготвен за следната пандемија, која ќе има тешки глобални здравствени, економски и социјални последици, предупреди Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).

Во овогодинешниот извештај, IFRC, за разлика од претходните, не ги истражуваше бројните природни катастрофи кои предизвикаа огромни разурнувања и не ја процени сериозноста на катастрофите како што се земјотреси, поплави, суши и уништување на животи и инфраструктура.

Наместо тоа, извештајот се фокусира на глобалната криза предизвикана од пандемијата на коронавирус и на предупредувањата за уште полоши катастрофи доколку глобалната заедница не се подготви сега за следната здравствена криза, пренесува ВОА.

Генералниот секретар на IFRC, Јаган Чапагаин, рече дека авторите на извештајот заклучиле дека пандемијата на коронавирус е најголемата катастрофа во „нашето сеќавање“.

„Мислам дека ниту една друга катастрофа – ураган, земјотрес, суша или поплава не може да се натпреварува во однос на ужасните човечки и социоекономските последици“, рече Чапагаин.

Тој додаде дека најконзервативните проценки велат дека 6,5 милиони луѓе починале од Ковид-19 во текот на три години.

„Но, сите знаеме дека реалната бројка може да биде многу, многу поголема“, рече Чапагаин.

Тој рече дека зачудувачки се и финансиските последици, додавајќи дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека цената на пандемијата во последните три години е 13,8 илјади милијарди долари.

Како што истакна, пандемијата на Ковид-19 требаше да биде предупредување за глобалната заедница да се подготви за следната здравствена криза, бидејќи Светската здравствена организација и неколку епидемиолози предупредија дека појавата на болести стануваат се почести.

Чапагаин истакна дека овие епидемии се предизвикани од фактори како што се климатските промени, зголеменото движење на стоки и услуги, урбанизацијата и растечката нееднаквост.

Тој рече дека успехот во решавањето на идните здравствени кризи зависи од градењето доверба меѓу светските лидери, во и меѓу заедниците и земјите.

Слични содржини