Путин сака заеднички центри за воена обука со Белорусија

од Nikola Popovski
117 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин побара од неговата влада да преговара за формирање заеднички центри за воена обука со Белорусија, нејзиниот сосед и сојузник за поддршка на офанзивата против Украина, пренесува „N1“.

Во указот Путин ги задолжил своите министри за одбрана и за надворешни работи да преговараат со Минск за формирање на овие центри. Во указот нема дополнителни информации.

Белорусија, која е сојузник на Русија, служеше како задна база на руските војници во нивната офанзива против Украина, која започна на 24 февруари минатата година, но белоруската армија досега избегнуваше борби на украинска територија.

Во средината на октомври, Белорусија и Русија најавија формирање на заеднички воени сили, кои, според Минск, имаат чисто „одбранбен“ карактер.

Двете земји постојано одржуваат обемни воени вежби, што ги подгрева шпекулациите дека и белоруската армија би можела да се приклучи на нападот врз Украина, наведува агенцијата Франс прес.

Слични содржини