ФТ: Нема да има брз пат за членство на Украина во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Брисел нема да вети дека ќе го забрза процесот за приклучување на Украина во Европската унија на самитот во Киев на кој ќе се разговара за членството на Украина во ЕУ, пишува британскиот магазин „Фајненшл тајмс“.

„Раководството на Европската унија не треба да ѝ дава лажни надежи на Украина дека ќе стане членка во наредните години“, наведува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на изјавите на дипломатите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, пренесува ТАСС.

Според извори на кои се повикува „Фајненшл тајмс“, изјавите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и неговите колеги за потребата од што поскоро финализирање на пристапувањето на Украина доведоа до нереални очекувања во Киев.

Слични содржини