Димитриевски во Нови Сад го посети македонското здружение „Кирил и Методиј“

од Radmila Tasevska
201 прегледи

Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на општината Максим Димитриевски е во работна посета на Град Нови Сад по повод одбележување Ден на градот.

При посетата на збратимениот град Нови Сад, Димитриевски вчера оствари средба со градоначалникот Милан Ѓуриќ каде упати искрени честитки по повод 275 години од постоењето на оваа општина, што претставува важен историски датум за овој град. Тој изрази надеж за продолжување и продлабочување на меѓусебните односи со цел да се реализираат нови заеднички проекти кои ќе бидат од големо значење за граѓаните на Куманово и Нови Сад.

Димитриевси, го посети и седиштето на македонското здружение „Кирил и Методиј“ кое активно работи на негување на македонската култура и традиција во Србија, организирајќи „Денови на македонска култура“ и многу други проекти веќе 16 години во Град Нови Сад.

Слични содржини