Поранешната ѕвезда на „Baywatch“ и зајачица на Плејбој, Памела Андерсон, му даде целосен пристап на Нетфликс до нејзината лична архива, се со цел снимање на документарниот филм.
55-годишната канадско-американска актерка присуствувала на премиерата на филмот во Лос Анџелес во понеделникот со двата сина, Брендон Томас и Дилан Џегер, од бракот со Томи Ли.
Брендон смета дека секогаш чувствувал дека неговата мајка била погрешно разбрана.
„Должноста на секој најстар син е да ја заштити својата мајка и на некој начин да ја раскаже таа приказна. Едноставно се чувствував принуден затоа што мислам дека е направена неверојатна неправда на оваа жена. И тоа го гледам цел живот. И мислам дека треба да преземам контрола над тоа и да му покажам на светот која е таа навистина, мислам дека овој филм беше посебна можност“, изјавил Брендон за Ројтерс.
Документарецот содржи архивски снимки од 1990 година како и денешни сцени од нејзината куќа.
Во документарецот Памела зборува за нејзините врски и бракови, најмногу за средбата, љубовта и животот со Томи Ли, како и за првиот спонтан абортус кој и бил многу тежок, за разводите, но и за познатата серија „Baywatch“, како и за разголените фотографии.
Она што може да се види од документарниот филм, а што публиката можеби не го знаеше е дека најтешкото нешто во нејзиниот живот е објавувањето на нејзиното приватно, украдено видео од неа и нејзиниот тогашен сопруг Ли.
Во „Pamela: A Love Story“ има и момент кога дознаваат дека Хулу ќе ја сними серијата „Пем и Томи“, која се занимава со секс скандаот, односно украдената приватна снимка.
Во документарецот таа повторно ја поминува истата траума низ која поминала тогаш во 90-тите години.
Во филмот Андерсон зборува и за тоа како и пречи што сите интервјуа во текот на нејзината кариера биле фокусирани на нејзините силикони, а не на нејзината работа.
Сепак, на крајот од документарецот на Нетфликс, беше прикажана подготовката и премиерата на мјузиклот „Рокси“ во Чикаго, каде што ја воодушевила публиката.
Фото: Getty