Акциска сообраќајна контрола, 43 санкционирани возачи, кај 42 возила констатирани неправилности

од Radmila Tasevska
159 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2023) во периодот од 12.00 до 17.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 43 возачи. Од нив 23 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило) …

Во однос на возилата кај 42 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, шест поради измината важност на сообраќајната дозвола …

За време на контролата санкционирани се и 127 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини