Ковачевски: Сите да бидеме обединети и горди и заедно да покажеме достојна почит кон Гоце Делчев

од Radmila Tasevska
149 прегледи

Апел за смиреност на утрешниот ден на чествувањето на роденденот на великанот Гоце Делчев, упати и премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека МВР и Владата ќе овозможат овој настан да помине достоинствено и мирно.

„Апелирам сите да бидеме обединети и горди и заедно да покажеме достојна почит кон великанот Гоце Делчев. До патриотските здруженија и поединци апелирам да се воздржат од провокации. Мнозинството сака мирно чествување на овој настан. Нема да дозволиме инциденти“, рече Ковачевски.

Ковачевски за странски лица, нагласи дека доколку МВР има добиено информации од соодветните служби дека некое лице со влезот во државата ќе може да ги наруши националната безбедноста и меѓународните односи на земјата, тогаш тие лица нема да влезат во државата.

„Такви одлуки се носат на денот на настанот. До овој момент од кабинетот на бугарскиот премиер немам добиено информација дека ќе пристигне бугарска делегација“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот додаде дека кој сака да присуствува на утрешниот ден по повод годишнината од раѓањето на големиот македонски великан Гоце Делчев, може да се пријави и да присуствува.

Слични содржини