Маск ослободен од обвиненијата за измама на инвеститори

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Американскиот милијардер и сопственик на компаниите Тесла и Твитер, Елон Маск беше ослободен од обвинението за измама на инвеститори поради твит од 2018 година, во кој напиша дека обезбедил средства за целосна приватизација на таа компанија, по што инвеститорите го тужеа.

Акционерите тврдеа дека Маск ги довел во заблуда со своите најави во август 2018 година и дека поради тоа изгубиле милијарди долари, јавува Би-Би-Си.

Предложеното откупување од 72 милијарди долари (60 милијарди фунти) никогаш не се реализираше. Доколку пресудата беше потврдна, Маск ќе требаше да плати отштета од милијарди долари.

На поротниците им требаа помалку од два часа за да донесат пресуда во тужбата за колективна акција во петокот попладне.

Маск, кој сакаше судењето да се пресели во Тексас, каде што е седиштето на неговата компанија, и тврдеше дека не може да добие фер судење во Сан Франциско, го поздрави исходот.

На Твитер, платформата што ја купи за 44 милијарди долари минатиот октомври, Маск напиша дека мудроста надвладеала и дека ја цени едногласната пресуда со која тој беше ослободен.

Слични содржини