164
Поранешниот британски премиер сер Џон Мејџор (79) денеска пред Вестминстерскиот комитет изјави дека Британија направила „голема грешка“ кога ја напуштила Европската унија.
Мејџор рече дека иако тој не е „голем еврофил“, верува дека Британија била посилна кога била во ЕУ, објави „Блумберг“.
Заменик-претседателот на Алијансата Стивен Фери го праша дали било предност за Британија да биде во ЕУ за време на почетокот на мировните преговори во Северна Ирска во 1990-тите.