Украинскиот претседател Владимир Зеленски се сретна со британскиот премиер Риши Сунак за време на ненадејната посета на Лондон. Предвидено е Зеленски да им се обрати на британските пратеници и да се сретне со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата.
Како што напиша на Инстаграм: „Велика Британија беше една од првите земји од кои дојде помош за Украина“. Дојдов во Лондон лично да им се заблагодарам на граѓаните на Британија за поддршката и на премиерот на оваа земја“.
Британскиот премиер Риши Сунак на Твитер објави фотографија на која се поздравува со Зеленски. Добредојдовте во Обединетото Кралство“, напиша Сунак на социјалната мрежа.
Зеленски, според соопштението на британската влада, доаѓа во време кога властите во Лондон најавуваат планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина. Велика Британија, исто така, го забрзува распоредувањето на воена опрема во обид да им даде предност на украинските сили на бојното поле и да ја ограничи способноста на Русија да таргетира цивилна инфраструктура.
Welcome to the UK, President @ZelenskyyUa.
🇬🇧🇺🇦 #SlavaUkraini pic.twitter.com/rMoBTC3ken
— Rishi Sunak (@RishiSunak) February 8, 2023