Борел ги повика Вучиќ и Курти да дојдат во Брисел

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел, денеска, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ, изјави дека негова прва работа ќе биде да ги информира лидерите за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска на самитот.

Тој повтори дека европскиот предлог е на маса и ги покани „лидерите (на Србија и на Косово) да дојдат во Брисел, наскоро, за неколку недели, со цел дефинитивно да се протурка овој предлог“.

„Ќе побарам од лидерите силна поддршка за да се избегне каква било ескалација и ќе побарам од нив сериозно да поработат на овој предлог, што е единствениот начин да се обидеме да ги решиме и нормализираме односите меѓу Србија и Косово. Одевме од криза во криза. Сега е време за деескалација и конструктивна работа“, нагласи Борел.

Слични содржини