Хил: „Отворен Балкан“ не е наметнат однадвор

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил утринава изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат одредени модели на соработка, истакнувајќи дека иницијативата „Отворен Балкан“ е многу позитивен.

„Ми се допаѓа што е развиена овде на Балканот, не е наметната однадвор. Го поддржуваме тоа, како и другите проекти за регионална интеграција“, изјави Хил за Српската радио телевизија, говорејќи по повод синоќешното годишно собрание на Американската стопанска комора, пренесе Бета.

На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“.

„Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, посочи Хил.

Слични содржини