Џеј Зи е прогласен за најдобар рапер, а љубителите на хип хоп музиката не се согласуваат. Мислат дека е меѓу најдобрите, но не и најдобар. Ники Минаж стана единствената жена меѓу првите десет.
Во чест на 50-годишнината на хип хопот, беше објавено рангирањето на Билборд на 50 најдобри машки и женски рапери на сите времиња. Ники Минаж (40) се најде на 10-тото место на листата и официјално стана единствената жена на топ десет листата, а со тоа и најдобрата жена раперка на сите времиња.
„Таа несомнено го отвори патот за следната генерација рапери, а во исто време градеше наследство чие влијание не е ограничено само на хип хоп светот“, појаснија тие.
За најдобар рапер е прогласен Џеј Зи (53).
„Можеби има други рапери кои би можеле да тврдат дека ќе му парираат на Џеј за тронот, но едноставно нема некој што може да му парира на целата негова кариера – неговата долговечност и широчината на неговите достигнувања“, напишаа тие.
Некои фанови се согласија со изборот на рапери на табелата.
Сепак, многу љубители на овој вид музика не се согласуваа со листата на Билборд.
„Џеј Зи е меѓу 10-те најдобри, но не и најдобар“, заклучија на социјалните мрежи.