206
Компанијата Мета, која ги поседува социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, му го врати пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп до тие платформи, по двегодишна суспензија поради немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, потврди денес портпаролот на Мета, Енди Стоун.
Мета во јануари рече дека ќе ја укине суспензијата на Трамп „во следните недели“ и дека ќе воведе нова, построга суспензија доколку Трамп повторно ги прекрши политиките на Фејсбук или Инстаграм, пренесува Ројтерс.
Враќањето на пристапот на Трамп до социјалните мрежи доаѓа пред неговата можна претседателска кампања во 2024 година.