Со 1,5 милиони денари ќе се заштитува манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матејче

од Nikola Popovski
282 прегледи

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информира дека се обезбедени околу 1,5 милиони денари за мерки за заштита на манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче како приоритет на културно наследство во опасност.

-Понатаму ќе продолжиме со рестравација на самиот манастирски комплекс и самата црква. Заедно со нас се вклучени општините Липково и Куманово помош за зачувување на Матејче и за повеќе да не се случуваат кражби. Со нас е вклучено и Министерството за транспорт и врски кое што активно работи на план за рехабилитација на пристапниот пат до самиот манастир, рече министерката на прес-конференција во Владата.

Манастирот настрада во воениот конфликт во 2001 година кога беше значително разурнат. По крајот на конфликтот, благодарение на некои донации, состојбата во манастирот малку е подобрена, но не целосно.

Слични содржини