Гир бара да не се злоупотребува европското знаменце

од Nikola Popovski
181 прегледи

Амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир порача дека скратената процедура во Собранието треба да се употрби само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство. Ова го истакна откако во текот на вчерашниот ден беше упатено писмо до него од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) околу потенцијалното носење на Законот за игри на среќа со европско знаменце.

Гир наведе дека европското знаменце треба да се употреби само кога се во прашање закони кои што се поврзани со европските норми и стандарди

-Причината поради која е дозволена употребата на европското знаменце при носењето на законите е за забрзување на реформите што се потребни за приближување кон европското законодавство. Во никој случај не смее европското знаменце да се употреби за да се намали дискусијата за важни закони кои се во прашање, додаде Гир.

Слични содржини