Во земјотресите и последователните потреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија загинаа повеќе од 22.000 луѓе, надминувајќи го бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Фукушима во Јапонија во 2011 година, објави денес Си-Ен-Ен.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека бројот на загинати во земјотресите се искачи на 19.388, додека 77.711 лица се повредени.
Како што објави американската медиумска куќа, во март 2011 година, земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот брег и предизвика цунами што доведе до топење на нуклеарната централа и големо ослободување на радиоактивен материјал, а речиси 20.000 луѓе загинаа како последица на земјотресот и цунамито, додека околу 2.500 се водат како исчезнати.