Кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила оваа недела посетиле историска џамија во Лондон, а кралот во таа прилика доживеал мал срам.
Имено, за време на посетата биле пречекани од поголема група луѓе.
Кога влегла во џамијата, Камила ја покрила главата со марама, следејќи ги обичаите. Чарлс ги соблекол чевлите при влегувањето во џамијата, а фотографите веднаш забележале дека има дупка на едниот чорап.
King Charles when visiting a historic mosque on Brick Lane, it was revealed that he had a hole in his sock 😁
Even Royals are not immune from fashion faux pas 🤝🏻 pic.twitter.com/LNyJNEsVPt— Nathaly Andraos – ناتالي اندراوس (@NathalyAndraos) February 11, 2023
Фотографиите од неговите чорапи веднаш се појавија на насловните страници на британските медиуми, а на многумина модниот гаф им е симпатичен со оглед на тоа што кралот е познат по рециклирање облека.
King Charles visited the Brick Lane Mosque in London with Queen Consort Camilla and removed his shoes as a mark of respect – only to reveal the unfortunate blunderhttps://t.co/fZQRBRvPpp
— MSN UK (@msnuk) February 9, 2023
„Слушнав дека кралот Чарлс бил толку горд на своите дупнати чорапи што не сакал да ги фрли и продолжил да ги носи – додека еден ден не му паднале сите прсти на нозете“, „Дури и кралските членови не се имуни на модните промашувања“ , се само дел од коментарите на Твитер.