218
Заедничката воздушна команда на САД и Канада (НОРАД) во саботата собори неидентификуван објект во канадскиот воздушен простор, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
„Наредив соборување на неидентификуван објект кој го наруши канадскиот воздушен простор. НОРАД го собори објектот над провинцијата Јукон. Полетаа канадски и американски авиони, а американскиот Ф22 успешно ја погоди целта“, објави Трудо на Твитер.
Како што јави канадскиот јавен сервис (CBC), Трудо додаде дека разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден во саботата.