137
Конвој од 10 камиони со помош на Обединетите нации влезе во северозападна Сирија преку турскиот граничен премин Баб Ал-Хава во неделата, изјави портпаролката на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, Мадеви Сун-Суон.
Таа изјавила дека камионите на Меѓународната организација за миграција носат комплети за привремено сместување, пренесува Си-Ен-Ен.
Официјалниот претставник на ОН изјави дека 22 возила на ОН влегле во Сирија во саботата, вклучувајќи 12 камиони на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, седум камиони на Светската здравствена организација, два камиони од Фондот за население на ОН и еден камион на УНИЦЕФ.