Кина денес соопшти дека од минатата година американските балони на висока височина го прелетале кинескиот воздушен простор без дозвола 11 пати.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи на редовната прес-конференција рече дека Кина нема информации за летечките објекти соборени од САД над Алјаска и Канада, пренесе Ројтерс.
Пентагон објави дека борбен авион Ф-16 во неделата соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон во американската сојузна држава Мичиген на границата со Канада.