Во Турција и Сирија се ближи крајот на спасувачките операции на преживеаните од земјотресот

од Radmila Tasevska
161 прегледи

Во Турција и Сирија се ближи крајот на акциите за спасување на преживеаните од земјотресот од урнатините и неопходно е итно да се премине во фаза на обезбедување засолниште, храна, образование и психосоцијална заштита, изјави денес шефот на ОН за итна хуманитарна помош, Мартин Грифитс.

За време на посетата на Алепо во северна Сирија, Грифитс истакна дека ОН ќе испратат помош од регионите на Сирија под контрола на владата во северозападниот дел на земјата, кој е под контрола на бунтовниците, кој исто така е разурнат од земјотрес, објави Ројтерс.

Според последните податоци, во два големи земјотреси во Турција загинале најмалку 29.605 лица.

Бројот на загинати во земјотресот во Сирија достигна 8.500, соопшти Рик Бренан, директор за итни случаи на Светската здравствена организација во регионот на источниот Медитеран.

Слични содржини