Земјотрес во Русија со јачина од 5,6 степени

од Radmila Tasevska
179 прегледи

Територијата на Русија утрово ја погодија два силни земјотреси, едниот со јачина од 5,6, а другиот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Посилниот земјотрес утрово во 5 часот и 56 минути ги погоди Курилските острови, а малку послабиот земјотрес го погоди планинскиот регион Урал.

Курилските острови се вулкански архипелаг во рускиот регион Сахалин. Тие се протегаат на 1.300 километри од јапонскиот остров Хокаидо до полуостровот Камчатка, одвојувајќи го Охотското Море од северозападниот дел на Пацификот. На овој архипелаг му припаѓаат 56 острови и неколку карпи. На него има 39 активни вулкани.

Површината на островот е 10.355 km2. На Курилските острови живеат околу 16.700 луѓе и повеќето од нив се занимаваат со риболов. Во минатото островите биле под власт на Русија и Јапонија, додека по Втората светска војна сите биле окупирани од Црвената армија и припоени кон Советскиот Сојуз. Јапонија е во дипломатски спор со Русија бидејќи смета дека и припаѓаат островите: Итуруп, Кунашир, Шикотан и уште неколку помали острови, можете да прочитате на Википедија.

Слични содржини