Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот Марбург, смртоносна болест слична на еболата

од Radmila Tasevska
163 прегледи

Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот Марбург, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, откако најмалку девет лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Малата централноафриканска земја стави во карантин повеќе од 200 луѓе и го ограничи движењето минатата недела во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на непозната хеморагична треска, пренесува Ројтерс.

Соседниот Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на инфекцијата.

Слични содржини