Чудо во Турција: 4-годишно девојче преживеа 178 часа во урнатините, спасувачите го извлекоа со аплауз

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Девојчето Мирај (4) е извлечено живо од урнатините на станбена зграда седум дена по разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција.

Детето поминало 178 часа во урнатините во градот Адијаман.

Си-Ен-Ен објави дека девојчето има шест години, а турскиот министер за транспорт Адил Караисмаиоглу претходно објави дека се работи за четиригодишно девојче.

Караисмаилоглу подоцна на Твитер изјави дека Мирај не бил единствениот спасен од урнатините.

„Фала му на Бога, ја спасивме нашата ќерка Хивај во 177. час, нашата ќерка Мирај во 178. часот и нашиот брат Мустафа во 179. час во Адијаман“, изјави тој.

За потсетување, бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија пред една недела надмина 36.000, а десетици илјади луѓе беа повредени, соопштија денес властите. Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во Турција загинале најмалку 31.643 лица, а најмалку 19.300 жртви се згрижени во болниците.

Слични содржини