АА: Го фативме Мицкоски со рачињата во медот, ова е единствената причина за нападите на ВМРО

од Nikola Popovski
207 прегледи

Алијанса за Албанците (АА) денеска соопшти дека „го фатиле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со рачињата во медот“ и објавија на што се должат, како што велат, „неодамнешните клевети и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“.

-Немаат друг мотив освен одмазда откако АА го обелодени коруптивниот скандал на јавен тендер вреден 12 милиони евра што води до Мицкоски, велат од партијата на Арбен Таравари и додаваат:

-Станува збор за злоупотребена набавка на биометриски систем за идентификација на гласачите којшто никогаш не профункционирал и кој Кренар Лога, членот на ДИК предложен за министер за правда, го откри и го пријави до Антикорупциската комисија и органите на правдата.

ДКСК и Државната ревизија веќе отворија предмет за овој коруптивен случај на партијата на Мицкоски, а информирани се и амбасадите во земјава, велат од АА и објавија слики од документот, како и видео од дискусиите во ДКСК.

Според партијата, „ВМРО-ДПМНЕ има долго криминогено и коруптивно минато под водство на Груевски, од кое Мицкоски како негов штитеник на чело на ВМРО никогаш не се оградил, ниту во однос на шовинистичкиот наратив, ниту во однос на коруптивните методи“.

Слични содржини