Пронајдена е турската актерка Џансу Дере, објавено е видео на кое таа им помага на жртвите

од Radmila Tasevska
388 прегледи

Обожавателите на турската актерка Џансу Дере многу се загрижија за неа бидејќи таа не се огласи на социјалните мрежи по разорниот земјотрес во Турција, но сега можат да здивнат бидејќи е објавено видео на кое се гледа како таа им помага на своите сограѓани.

Таа им помага на настраданите од земјотресот. Турската новинарка Бирсен Алтунташ објави дека Џансу е жива и здрава и дека им помага на граѓаните повредени во земјотресот, но и дека нејзината куќа била во епицентарот на земјотресот. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како познатата актерка им помага на настраданите на земја.

 

Турските медиуми пишуваат дека актерката несебично им се придружила на граѓаните и хуманитарците за да им пружи помош на сите на кои им е потребна.

Таа се прослави во турските хит серии 43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.

Нејзината прва улога беше во турската серија „Метропалас“ во 2004 година, а следната година глумеше во три серии. Две години подоцна ја доби главната улога во хит-серијата Сила која ја прослави низ целиот свет, а позната е и по улогите во серијата Инфиел и светскиот хит „Сулејман Величествениот“.

Слични содржини