108
Првиот човек на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање рече дека ситуацијата на истокот на земјата е тешка. Во овој дел на Украина, руските сили напредуваат во последните недели, пред сè во близина на Бахмут.
„Ситуацијата на фронтот е сè уште тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија брза да ги постигне целите што ги постави во последна офанзива пред Киев да добие ново оружје.