Руски бизнисмен: Ако Украина загуби, војната меѓу Америка и Кина е неизбежна

од Radmila Tasevska
90 прегледи

Војната меѓу САД и Кина за Тајван е неизбежна доколку Русија победи во војната со Украина, предупреди рускиот бизнисмен во егзил и критичар на Путин, Михаил Ходорковски.

Ходорковски некогаш беше најбогатиот човек во Русија и сопственик на нафтената компанија Јукос.

Тој помина 10 години во затвор, а Путин го помилува во 2013 година.

Тој за Вашингтон пост изјави дека „загубената војна во Украина е чекор кон војна во азиско-пацифичкиот регион“, пренесува Index.hr.

„Морате да разберете дека кога голем шеф ќе добие тупаница во лице, цел куп други шефови ќе почнат да се сомневаат дека овој човек е навистина толку силен и дека ќе сакаат да го следат“, рече Ходорковски.

„Ако Америка сака да влезе во војна во Азија, најдобар начин да го направи тоа е да покаже слабост во Украина“, додаде тој.

Тој истакнува дека единствениот начин да се избегне таков конфликт со Кина е значително да се зголеми западната воена помош за Киев и на крајот да се обезбеди победа на Украина.

Слични содржини