Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во Минск, а една од опциите е тоа да го направи заедно со рускиот лидер Владимир Путин.
Коментирајќи ја намерата на Бајден да ја посети Полска, Лукашенко рече:
„Зошто Бајден оди во Полска? Зошто баш Полска? Но, ние не сме загрижени за тоа. Доколку има желба, би биле подготвени да го примиме во Минск и да водиме сериозна дискусија. Ако сака мир во Украина. Дури и Путин би дошол во Минск и ќе се сретнеме сите тројца: двајца ‘агресори’ и еден ‘мирољубив’ претседател. Зошто да не? Со цел да се стави крај на војната. Ако сака да ја заврши војната, ќе го прифатиме Полска е одма тука, ќе испратам авион ако треба, Боинг“.
Сепак, тој изрази сомнеж дека Бајден ќе се согласи да дојде.
„Не, тој нема да дојде овде, би вредело, за да ја прекине војната, да не гинат луѓето. Тој ќе остане во Полска бидејќи Полска е хиена на Европа и денес игра најактивна улога во ескалацијата на војната во Украина. Таа е погласна од сите, погласна од Американците“, рече Лукашенко.
„Најдобрата опција за Европјаните е обединување со Русија. Тука има ресурси, има високи технологии. И тоа би бил најголемиот плус за Европа. Американците и Кинезите би позавиделе на таков сојуз. И би имало три моќни точки на кои би се држела планетата: Америка, Кина и европскиот континент заедно со Русија. Можеби четвртиот пол би се формирал околу Индија или Индија и други би се приближиле до овие полови“, изјави тој.