„Тоа е страшно“: Кијану Ривс објасни зошто не сака deepfake

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Кијану Ривс не е љубител на таканаречените deepfake-ови, односно дигитални промени кои можат да се користат за лице или актерска изведба. На актерот толку му пречи што презел одредени мерки.

Тој со договор забранил какви било дигитални измени поврзани со неговото лице или актерска изведба.

Она што не му се допадна на Ривс е што во една прилика дигитално му додадоа солза на неговото лице.

„Претходно, на почетокот на 2000-тите, или можеби беа 90-тите, ми го сменија настапот. Ми додадоа солза на лицето и мислев дека тогаш не мора ни да бидам таму“, изјави актерот за Wired.

Ривс изјавил дека deepfake-овите се толку лоша идеја бидејќи целосно ја одземаат контролата на актерите:

„Кога глумете во филм, знаете дека ќе бидете монтирани, но учествувате во него. Кога станува збор за deepfake, немате мислење. Страшно е. Ќе биде интересно да се види како луѓето се справуваат со овие технологии“, рече актерот, кој потоа раскажа анегдота за 15-годишен обожавател кој објаснува како неговиот лик од „Матрикс“ Нео се борел за реалноста, на што тинејџерот одговорил: „Кому му е гајле дали е реално?“.

„Луѓето растат со овие ‘алатки’: веќе слушаме музика направена од вештачка интелигенција во стилот на Нирвана, постои NFT дигитална уметност“, рече актерот и додаде:

„Убаво е, како ‘Погледнете што можат слатките машини да направат!’, но, зад тоа стои корпоратократија која сака да ги контролира овие работи. Културно, општествено, ќе се соочиме со вредноста на вистинската или невредноста. И тогаш што ќе ни наметнат? Што ќе ни се претстави?“ – праша актерот.

Слични содржини