Tesla повлекува 363.000 автомобили поради СОФТВЕРСКА ГРЕШКА: Проблематично производството од 2016 до 2023 година

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Американската компанија Tesla објави дека ќе повлече 363.000 електрични автомобили од пазарот поради дефекти во новата верзија на софтверот наменет за овој автомобил.

Според Financial Times, повлекувањето на автомобилот ги опфаќа Model S и Model X произведени помеѓу 2016 и 2023 година, како и Model Y произведен во 2020 година.

„Регулаторното тело на Соединетите Американски Држави нагласи дека пропустите во новата верзија на софтверот може да предизвикаат несреќи“, пишува британскиот весник.

Tesla лани продаде 1,3 милиони возила ширум светот. Повлекувањето се однесува на секое возило што содржи бета верзија на софтверот за целосно автономно возење. Инаку, компанијата на корисниците им наплатува дополнителни 15.000 долари за инсталирање на овој софтвер.

Софтверот кој овозможува автономно возење е во состојба да ја менува лентата за време на возењето, иако возачот сепак мора да внимава на ситуацијата во сообраќајот.

„Американските регулатори објавија дека поради дефект во софтверот, тоа може да создаде проблем кога возилата влегуваат на раскрсниците. Возилата може да се движат директно низ раскрсниците од лентата за вртење, да не застанат на знак СТОП или несовесно да возат низ жолто светло на семафор“, се појаснува во решението.