170
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска ги повика лидерите на Минхенската безбедносна конференција да побрзаат со договорите, испораката и одлуките.
„Мора да побрзаме. Ни треба брзина, брзина на нашите договори, брзина на нашата испорака за да се зајакнеме… брзината на нашите одлуки да го ограничиме потенцијалот на Русија. Брзината нема алтернатива бидејќи брзината е она од што зависи животот“, рече Зеленски на конференцијата преку видео врска, пренесе Си-Ен-Ен.
„Одложувањето отсекогаш било и сè уште е грешка. Додека преговараме како да ја зајакнеме нашата одбрана со модерни тенкови, Кремљ размислува за начини да ја задуши Молдавија“, рече Зеленски.