Најмалку 18 тела на мигранти се пронајдени во Бугарија во напуштен камион, во село во близина на Софија, соопшти денеска бугарското МВР.
„Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти, вкупно околу 40 лица, кои се криеле под дрва“, соопшти министерството, пренесе „Ројтерс“.
Преживеаните се префрлени во болница, за да им биде укажана лекарска помош, се наведува во соопштението.