Познатиот актер Том Круз има едно посебно барање при потпишување на договори, а тоа е неговиот лик никогаш да не се користи за комерцијални цели.
Со години важи за еден од најплатените актери во светот, а одигра огромен број улоги во култни американски филмови како „War of the Worlds“, „Mission Impossible“, „Top Gun“, „Minority Report“, „Edge of Tomorrow“ и многу други.
Иако улогите кои ги играше често беа хит во светот, Том Круз не дозволи комерцијализација на неговиот лик.
Актерот ја забрани употребата на неговото лице дури и за игрите „Mission Impossible“, „War of the Worlds“ и „Minority Report“.
Поради ова, изгледот на главниот лик во овие игри беше сосема поинаков, што збуни многу фанови. Исто така, нема акциони фигури или други играчки со неговиот лик.
Иако тоа ќе му донесеше дополнителни приходи, актерот остана доследен и не ја промени својата одлука.
Том Круз никогаш не објаснил зошто го поставил ова барање.