Се огласи мајката на Пике, откриено зошто не ја поднесувала Шакира

од Stefanija Kuzmanovska
685 прегледи

Јавноста неодамна беше шокирана од веста дека латино ѕвездата Шакира и фудбалерот Жерар Пике се разделуваат.

Од моментот кога се дозна дека дошло до колапс на нивната љубов, почнаа да се откриваат бројни детали од нивниот приватен живот. Она што особено ја заинтригира јавноста е приказната за лошиот однос на пејачката со нејзината свекрва Монсерат, која наводно ја малтретирала.

Несогласувањата започнаа со контроверзната песна во која пејачката го спомна името на нејзината поранешна свекрва Монсерат, каде што беше откриено дека тие две се во лоши односи.

Тогаш вистинскиот скандал настана кога во јавноста се појави видео на кое јасно се гледа дека мајката на поранешниот фудбалер ја малтретира Шакира.

Сега поради сите претпоставки и шпекулации за нивниот однос, Монсерат се огласила и ги објаснила причините зошто не ја сака својата поранешна снаа, а се откри извор близок до мајката на фудбалерот за шпанските медиуми.

Според изворот, Бернабеу никогаш не сакалa жена како Шакира за нејзиниот син Пике, кој имал 22 години кога ја започнал врската со пејачката и градел блескава кариера во Барселона. Дополнително, изворот објаснил дека уште една голема причина за нивниот лош однос е тоа што Шакира „не била Каталонка, што свекрвата навистина го мразела кај неа“.

Изворот откри дека мајката на поранешниот дефанзивец на Барселона никогаш не ја прифатила колумбиската ѕвезда, а потоа додал дека нивниот однос на социјалните мрежи отсекогаш бил срдечен заради децата на Шакира и Пике, Милан и Саша.

Особено ѝ пречело тоа што Шакира е постара од Пике и изјавила дека во текот на годините што ги поминале заедно воглавно манипулирала со фудбалерот, тврди изворот, цитиран од „Ла Критика“.

Слични содржини