Поранешниот фудбалер на Њукасл пронајден мртов по неколкудневна потрага

од Radmila Tasevska
234 прегледи

Кристијан Атсу, поранешен фудбалер на Њукасл и Челзи, е пронајден мртов по неколкудневна потрага.

Оваа вест ја објави неговиот менаџер Мурат Узунмехмет на Твитер и со тоа го потврди пишувањето на турските медиуми.

Тој даде изјава и за турската агенција „Демирорен“ –

„Безживотното тело на Атсу беше пронајдено под урнатините. Неговите работи моментално се отстрануваат, пронајден е и телефон“.

Овој фудбалер е пронајден во урнатините на една од зградите, а пред неколку дена спасувачката екипа прво ги пронашла неговите патики.

Медиумите ширум светот неколку дена испраќаа спротивставени информации за состојбата на Атсу, па прво беше објавено дека тој е спасен, а потоа беше демантиран. Па, тој наводно бил пронајден, па тоа е демантирано.

Во целиот виор на вести, во еден момент дури и беше прогласен за мртов, што беше демантирано.

Сега по неколкудневна потрага е пронајдено неговото безживотно тело.

Слични содржини