Прекината потрагата по преживеани во Турција, Лекари без граници повикуваат на помош за Сирија

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Речиси 47.000 лица загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми, јавуваат агенциите.

Како што одминува времето, се помалку има надеж дека има живи луѓе во урнатините, па спасувачките операции се прекинати насекаде, освен во две области и започна расчистување на урнатините.

Лекари без граници повикуваат на помош за Сирија

Меѓународната невладина организација Лекари без граници (MSF) повика вчера на итно зголемување на хуманитарната помош во северна Сирија. Конвој од 14 камиони со помош на Лекари без граници за жртвите од земјотресот пристигна денеска во Сирија преку граничниот премин Ал Хамам од Турција, јавува Радио Слободна Европа.

„Помошта сега е занемарлива. Потребно е многу повеќе за да се одговори на размерите на хуманитарната криза“, соопштуваат од Лекари без граници.

Слични содржини