„Покушајот“ во Фиќо кој е повеќе оставен на нашата фантазија, но сепак раскажан со доволно детали за да ја сфатиме неговата противправност (шамари, замаглени стакла, спомнување повеќе мажи, еден татин син и буткање во ситуација „немајкаде“) сугерира дека покрај жртвата во Фиќото, и тој што „покушавал“ е жртва на машката токсичност која на сите нас растени во скопските маала добро ни е позната, видена и слушната“, пишува адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска преку својот фејсбук профил, како реакција на интервјуто на новинрот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров, кој предизвика измешани реакции кај јавноста.
308