Рускиот претседател Владимир Путин го започна своето обраќање на нацијата откако во декември минатата година ја откажа својата редовна годишна прес-конференција и говор пред Парламентот.
Обраќањето пред членовите на двата дома на парламентот, воените команданти и војниците започна во десет часот.
Неговото обраќање доаѓа на првата годишнина од неговото признавање на независноста на украинските региони Доњецк и Луганск и само неколку дена пред годишнината од инвазијата на Украина.
Обраќањата на Путин понекогаш траат неколку часа, но портпаролот на Кремљ претходно изјави дека денешното обраќање треба да трае околу еден час.
Обраќањето на Путин доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден го посети Киев и се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски, во неговата прва посета на оваа земја по 15 години.
Денеска треба да одржи говор и Бајден, кој моментално е во Полска.