Роулинг го опиша насилството што го претрпела во нејзиниот брак: „Мислев дека ќе го запали ракописот од книгата Хари Потер“

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Британската писателка Џоан Роулинг откри дека нејзиниот поранешен сопруг Хорхе Арантес и го сокрил ракописот од првиот роман за Хари Потер за да ја спречи да го остави.

Таа го опиша распадот на нејзиниот прв брак со португалскиот водител на подкастот „The Witch Trials“. Писателката била толку загрижена дека Арантес може да и го уништи делото што тајно земала страници од книгата за да ги фотокопира.

„Тој стана многу насилен и ме контролираше. Ми ја пребаруваше чантата секогаш кога доаѓав дома, а јас немав клуч од влезната врата. Бев толку напната затоа што морав да се однесувам како да нема да заминам, а мислам дека не сум многу добра актерка. Кога сфатив дека дефинитивно ќе го оставам, секој ден земав по неколку страници од ракописот за тој да не сфати дека нешто недостасува, а јас ги фотокопирав на работа“, рекла Роулинг.

Таа додаде дека фотокопираните страници од ракописот постепено се зголемуваат, како и дека ги чувала во плакар на своето работно место, бидејќи, како што изјавила, се сомневала дека нејзиниот тогашен сопруг може да ги изгори.

„Тоа беше ужасен начин на живот, а сепак ракописот растеше, јас продолжив да пишувам“, додаде Роулинг, истакнувајќи дека покрај нејзината ќерка која допрва треба да се роди, нејзин приоритет е да го зачува ракописот.

Опишувајќи ја ноќта кога го оставила сопругот, Роулинг изјавила дека бил многу лут на неа, а кога таа му рекла дека сака да замине, тој станал многу насилен, вели таа и се заканувал дека ќе и ја земе ќерката.

„Затоа се борев и ја платив цената. Имаше насилна сцена која заврши со мое лежење на улица“, вели писателот.

Роулинг подоцна ја завршила книгата додека живеела од социјална помош како самохрана мајка во Единбург, пишува Sunday Times.

Откако Роулинг најпрво откри дека нејзиниот поранешен сопруг бил насилен кон неа, Арантес им призна на новинарите дека и удрил „многу силен шамар“, истакнувајќи дека „не му е жал“.

Поранешната двојка се разведе во 1993 година, една година откако Арантес ја исфрли писателката од нивниот дом и физички ја нападна.

Британската писателка откри и дека нејзиниот поранешен сопруг упаднал во куќата во Единбург што ја купила со парите што ги заработила од првата книга за Хари Потер.

Богатството на Роулинг пред две години беше проценето на 850 милиони фунти. Во 2001 година се омажи за Нил Мареј, со кого има две деца.

Слични содржини