Турција: Девојче кое го преживеа земјотресот, по неколку дена паднала во замрзнато езеро (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Осумгодишно девојче кое го преживеа земјотресот во Турција уште еднаш е спасено откако паднало во замрзнато езеро во градот Малатја, јавува Ројтерс. Турската полиција објави видео од спасувањето на девојчето која заврши во езеро откако се обиде да извлече изгубено плишано мече.

На видеото се гледа како полицаецот ја извлекува од водата, додека членовите на нејзиното семејство нестрпливо чекаат покрај езерото. Малото девојче подоцна доби ново плишано мече, како замена за играчката која за малку ќе ја чинеше живот.

„Нашата нуркачка полиција спаси 8-годишно дете кое падна во замрзнато езерце додека се обидуваше да си ја земе играчката“, напиша турската полиција на Твитер.

Слични содржини