141
Премиерот на Чешка, Петр Фиала, пред денешната средба со американскиот претседател, Џозеф Бајден и лидерите на источното крило на НАТО изјави дека неговата земја ќе продолжи да дава помош за Украина.
„Ќе продолжиме да и помагаме на Украина сè додека ѝ е потребно“, рече Фиала, пренесе Ројтерс.
Американскиот претседател, Џозеф Бајден денес во Полска ќе се сретне со лидерите на источното крило на НАТО, со цел да ја покаже американската поддршка за нивната безбедност, откако Москва објави дека го суспендира договорот СТАРТ за контрола на нуклеарното вооружување.