Морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка започнаа воени вежби во Индискиот Океан

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Во Јужна Африка денеска беше одржана церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, при што артилеријата ќе биде активнa, ќе трае од 25 до 27 февруари.

На свеченото отворање присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Евменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиге и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските сили, адмирал Бубеле Мхлана, пренесe ТАСС.

Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и рече дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка.

Слични содржини