Претседателката на Молдавија Маја Санду соопшти дека на вчерашната средба во Варшава го поканила американскиот претседател Џозеф Бајден да ја посети нејзината земја.
„Ја искористив можноста што ми ја даде собирот во Варшава да му кажам на претседателот Бајден дека во сегашната сложена ситуација, кога беснее војна на границата со Молдавија, ни треба уште поголема поддршка од САД“, напиша Санду на Фејсбук.
Претседателката на Молдавија додаде дека го поканила американскиот претседател да ја посети Молдавија, но не кажа како Бајден одговорил, пренесува Ројтерс.