НЕМАШЕ ИЗМАМА! Меган Фокс се врати на Инстаграм по раскинувањето со Кели

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Откако цела минатата недела имаше гласини за нејзиното раскинување со Машинган Кели, Меган Фокс сега проговори.

Актерката го врати својот Инстаграм каде ги избриша сите фотографии со него и токму на таа социјална мрежа демантираше дека раперот ја изневерил.

– Во овој однос немало никакво мешање од трета страна. Тоа вклучува, но не е ограничено на… вистински луѓе, DM, роботи со вештачка интелигенција или демони. Иако мразам да ве лишам од случајни неосновани вести кои би биле многу попрецизно напишани од ChatGPT, треба да оставите оваа приказна да умре и да ги оставите сите овие невини луѓе сега на мира“, рече Меган во објавата каде што ги забрани коментарите.

Инаку, актерката и раперот покренаа сомнеж дека нивната врска не е завршена кога се снимаа заедно минатата недела. Папараците ги уловија на Денот на вљубените во автомобилот на Машинган додека го напуштаа неговиот дом во населбата Енсино во Лос Анџелес. Додека Меган едвај се гледаше на совозачкото седиште и гледаше надолу, Кели можеше да се види како вози, го држи мобилниот телефон и зборува.

Слични содржини