Сите основачи, палачи, растурачи на бугарски клубови по земјава се членови на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Ковачевски

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Пратениците од опозицијата доцна синоќа на собраниската седница за реконструкција на владата обвинија дека премиерот Димитар Ковачевски не се грижи за македонската дијаспора и запрашаа зошто не предлага нов министер за дијаспора во период, како што рекоа, кога во одредени држави ни се негира идентитетот.

На ова премиерот реплицираше дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците без разлика на тоа каде живеат, додавајќи дека единствено ВМРО-ДПМНЕ е таа која се обидува да ги наруши добрососедските односи.

-Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци кои што зборуваат македонски јазик на кој што сме ние исклучително горди. Земете ги само од пред две недели снимките од МНР каква се помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци кои живеат таму, рече Ковачевски.

-Сите оние основачи, палачи, растурачи на бугарски клубови по Северна Македонија се членови на ВМРО-ДПМНЕ и на вашата сестринска партија ВМРО-БНД на која заеднички именител ви е вашиот заеднички претседател Ванчо Михајлов. И во однос на НАТО ако излезете овде да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ гласало Северна Македонија да биде членка на НАТО јас ќе ви се извинам“, рече премиерот во една од репликите до опозициските пратеници.

Слични содржини