86
Групата Г7 ја зголеми економската помош за Украина на 39 милијарди долари во 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии на Јапонија, членка на Г7.
Според соопштението, овие пари ќе и „дадат сигурност“ на Украина и ќе им овозможат на властите да продолжат да ги исполнуваат своите должности, да вршат поправки на клучната инфраструктура оштетена од руските напади и да ја стабилизираат економијата на земјата, се додава во соопштението.
Ова ќе и помогне на Украина да ја одбрани својата територија.