Во текот на првата година од нападот на Украина, руската армија извршила речиси 5.000 ракетни напади и 3.500 воздушни напади, изјави заменик-началникот на украинскиот Генералштаб Олексиј Хромов.
Русија, исто така, користела беспилотни летала за да ги нападне украинските населби близу 1.000 пати од 24 февруари минатата година, кога започна нападот, објави „Киев Индипендент“.
„Непријателот продолжува со ракетни напади, користи беспилотни летала камикази за да ја оштети клучната инфраструктура длабоко во нашата територија“, рече Хромов.