Црногорците во просек најмлади во регионот, како стојат Македонците?

од Radmila Tasevska
230 прегледи

Најмлада популација во регионот има Албанија со просечна возраст од 38 години и Црна Гора со 39,4 години. Според податоците на Евростат, најстари граѓани во регионот се Грција и Хрватска, со просек од 46,1 односно 45,4 години.

Во Бугарија просечната возраст е 45,1 година, во Србија 44,1 година и во Северна Македонија 41,1 година.

Просечната возраст на населението во ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во однос на 2012 година, соопшти Евростат.

Кипар има најмладо население во ЕУ со просек од 38 години, додека Португалија (46,8) и Италија (48) имаат најстари.

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголеми во сите земји-членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се намали од 40,8 на 40,7 години.

Слични содржини